Почна меморијалниот турнир во Брвеница

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На стадионот во Брвеница од вчера почна да се одигрува првиот меморијален фудбалски турнир со учесници од сите десет населени места во општината. Екипите се составени од деца до 14 години, а вчера се одиграа осум натпревари.

-Целта ние е да го популаризираме спортот и фудбалот во Општина Брвеница затоа што со децении ние сме биле расадник на фудбалери. Турнирот е во чест на починати фудбалери Косте Симовски од с.Д. Седларце, Божидар Стаматоски од с. Брвеница, Трајан Милошески од с. Брвеница, Бесјан Јашари од с. Челопек, Хаки Изаири од с. Милетино, Ибрахим Беќири од с. Теново, порача градоначалникот Јовица Илиевски, градоначалник на Општина Брвеница.


На крајот на турнирот при прогласување на победници ќе се доделат плакети постхумно за лицата во чија чест се организира турнирот како и признанија на заслужни лица за развој и промоција на фудбалот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK