Отворени Малите олимписки игри за учениците од основните училишта

mali-olimpiski-iri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спортската сала во Богданци беа отворени Малите илимписки игри за ученици од основните училишта, на кои денеска и утре ќе се натпреваруваат 500 ученици од 40 училишта во пет спортски игри-кошарка, ракомет, одбојка, фустал и фудбал во машка и женска конкуренција.







Игрите за отворени ги прогласи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој на сите учесници им посака добри резулати и спортско и фер натпреварување и притоа истакна дека овој настан е најголем и најпрестижен за учениците- спортисти.

Учесниците ги поздрави и Александар Туфекчиевски, претседател на Федерацијата на училишен спорт.

Освен во Богданци, натпреварите се одржуваат и во салите и терените на отворено во Дојран и Валандово.

Малите олимписки игри ги организира Федерацијата на училишен спорт, а се одржуваат со финансиска поддршка на Агенцијата за спорт и млади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK