Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во рамки на „Отворен Кабинет“, ќе биде во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци. Пред приемот со граѓаните, министерот Спасовски ќе оствари состанок со раководството на ОВР Кавадарци.
Како што соопшти МВР, и граѓаните од подрачјето на СВР Велес, преку претходно закажан термин, се добредојдени во просториите на ОВР Кавадарци да ги презентираат идеите за подобрување на безбедноста во заедницата, да го претстават својот предлог за подобрување на работењето на полицијата и да бидат дел од процесот на креирање политики поврзани со безбедноста.
Во 13 часот, министерот Спасовски ќе го посети и Регионалниот центар за гранични работи Југ, каде што ќе оствари средба со раководството на оваа организациска единица при МВР.
Пред Кавадарци, Спасовски присуствуваше на отворените денови со граѓаните и во СВР Штип и ОВР Струга.