Основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Илинден доби свој паркинг простор

parking ilinden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нов паркинг на основното училиште ,,Гоце Делчев” од општина Илинден, со капацитет од 30 возила, е пуштен во употреба, известуваат од општината.







Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека изградбата на паркинг просторот е дел Проектот за изградба кој е предвиден и во новиот Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026, и вклучува заштита на локалното зеленило, подобрување на безбедноста на учениците и на севкупните услови за работа во основното училиште во населеното место Илинден.

Георгиевски нагласи дека паркинг просторот е изграден по барање на жителите на општина Илинден и дека со неговата изградба, покрај тоа што училиштето за прв пат добива свој паркинг простор, се решава долгогодишниот проблем кој го имаа родителите и вработените со паркирање на своите возила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK