Општина Тетово сака со јавно приватно партнерство да гради нов општински објект и отворен базен

opshtina tetovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на Општина Тетово на денешната 17. седница го овласти градоначалникот Биљал Касами да започне процедура со која ќе се изработи физибилити студија за изградба на нов објект за потребите на локалната самоуправа и нов отворен базен.

Предвидено е да се разгледа можноста за јавно-приватно партнерство, односно приватна компанија да ги изгради двата објекти.


– Преку јавно-приватно партнерство ќе се види можноста за изградба на нов објект на место на бараките до зградата на општината, каде што сега функционира општинскиот инспекторат. Ќе се отстранат бараките и ќе се направи нов објект. Тој објект ќе се користи од службите за канцеларии и за потреби на општината, ќе биде во функција на граѓаните, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

Отворен базен е предвидено да се гради до веќе изградениот затворен базен на Спортско-рекреативниот центар во Тетово.

Советот ја прифати и годишната програма на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.

Радица Перинска, социјален работник од Центарот за социјална работа Тетово, која е дел од Советот, образложи дека повеќето институции кои се вклучени и имаат меѓусекторска соработка ќе имаат активности со цел да се превенира децата да доаѓаат во судир со законот.

– Како мерки и активности планираме и веќе почнавме со запознавање на директорите на средните училишта, запознавање на стручниот тим кој работел во училиштето, како и класните раководители, превентивно да се делува и на некој начин повеќе да нема деца во судир со законот и деца во ризик, истакна Перинска.

Со одлука на Советот се изгласа промени во статутот на општинското Јавно претпријатие за јавен превоз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK