Општина Струмица продолжува со реконструирање игралишта и паркови во населените места

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Струмица продолжува со реконструкција на детските и спортските игралишта и паркови во населените места со средства од буџетот од близу 10 милиони денари.

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во градежните зафати во населеното место Сачево, каде е уреден паркот со поставување клупи и се чисти главниот одводен канал.



– Селскиот канал беше обраснат со многу трева и беше небезбеден за жителите на населено место Сачево. Гледаме дека истиот се расчистува и уште една дополнително поголема површина на некои 2,5-3 илјади метри квадратни која ќе биде уредена. Оттука упатувам благодарност до младите жители на Сачево, кои ја прифатија иницијативата заеднички со Општина Струмица да засадиме дрвца и да го раззелениме овој убав простор во населено место Сачево, изјави Костадинов.

Тој најави уште еден проект кој се однесува на спортските игралишта таму каде што ги има и за домовите на културата кои веќе се реконструираат, како што е во селото Куклиш, каде веќе е во фаза распишување на втората јавна набавка за продолжување на реконструкицјата на овој објект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK