Општина Ресен со нова современа механизација за патна инфраструктура

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Ресен обезбеди нова современа механизација за зимско одржување и чистење на патната инфраструктура во општината.

Набавката е извршена со цел навремено да се обзебедат соодветни и навремени услуги во зимски услови, информираа од тамошната локална самоуправа.


-Локалното јавно комунално претпријатие имаше потреба да обезбеди навремени и квалитетни услуги, пред се за редовно чистење на снегот од објектите на комуналната инфраструктура, јавните површини, локални улици и патишта како и редовно одржување на улиците во Ресен, и затоа набавени се два трактори со плугови и растурачи за сол. Со новата опрема јавното комунално претпријатие ќе ги зајакне своите технички капацитети и ќе ја подобри ефикасноста и ефективноста на функционирањето на претпријатието, со што ќе се подобри безбедноста на населението при користење на патните правци во општината особено во зимските услови, соопштија од Општина Ресен.

Новата, совреме механизација општината ја обезбеди во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион преку проектот „Зајакнување на техничките капацитети на јавните комунани претпсијатија во регионот за зимско чистење и одржување на патната инфраструктура” финансиран од страна на Прогрaмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK