Општина Кочани ќе ангажира 20 лица за ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот

kocani_#4533453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општина Кочани почнува постапка за ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот и ќе ангажира 20 надворешни лица кои ќе прибираат податоци на терен, што по обработката бидат основа за утврдување на данокот на имот.

Објавен е јавен повик за пријавување на заинтересирани лица, чија задача ќе биде да фотографираат, евидентираат и пополнуваат обрасци со податоци за секоја катастарска парцела во градот и во населените места каде што има градба, односно недвижен имот.


-За извршените работни задачи на ангажираните лица, Општина Кочани се обврзува да им исплати паричен надоместок во износ од 100 денари за прибрани, доставени и обработени податоци за недвижности изградени на катастарска парцела што гласи на физичко лице и 200 денари за прибрани, доставени и обработени податоци за недвижности изградени на катастарска парцела на правни лица. Со секое ангажирано лице ќе се склучи договор за дело, во согласност со Законот за облигациони односи, се истакнува во јавниот повик од Општината.

Заинтересираните лица за спроведување на ревизијата на пазарната вредност на недвижниот имот треба да имаат завршено минимум средно образование и да имаат познавања од работа со компјутери. Пријавите се поднесуваат до 2 август, по пошта или во едношалтерската канцеларија на Општина Кочани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK