Општина Илинден се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“ која е во организација на „Мен енд маунтен“, а со поддршка на „Пивара“-Скопје, „Пакомак“ и „Нула отпад“. Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина, велат од Општина Илинден.
– Во еколошката акција се вклучија општинската администрација, јавните комунални претпријатија, училиштата и граѓаните, каде се чистеше на повеќе локации на територијата на општина Илинден. Во текот на акцијата се вклучија и претставници од Црвен крст кои се погрижија за безбедноста на учесниците, информираат од локалната самоуправа.
Општина Илинден упатува апел до граѓаните да покажат поголема грижа за природата и природните ресурси, а отпадот да го одлагаат на места соодветно определени за таа намена.