Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини

Слика-1-02.07.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Ѓорче Петров првпат ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината. Склучен е договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.


-Со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите јавни површини во надлежност на општината, а паралелно со тоа, ќе се постигне и подигнување на јавната чистота на едно повиско ниво – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој истовремено упати апел да не се оставаат возилата на коловози за да може непречено да се врши работата.

-Да направиме заеднички мали промени во секојдневните наши навики, што на долг рок значително ќе ги подобрат состојбите на сите нивоа во Ѓорче Петров. Јавната хигиена зависи од сите нас. Апелирам да бидеме одговорни – нагласи Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе работи на изнаоѓање  решенија кои ќе донесат квалитет и континуирано одржување на екологијата и чистота, а со тоа и сочувување на здравјето на нашите жители.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK