Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково


thumbnail-3-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како дел од воспоставениот систем за засилен мониторинг и едукација на терен, претставници на Координативното тело за заштита и превенција од пожари на Општина Гевгелија продолжија со интензивна реализација на превентивните активности низ населените места. По првиот бран посети, тимот во текот на изминатите денови најпрво ги спроведе активностите во населените места Негорци и Богородица, а веднаш по нив, во рамки на утврдената динамика за теренско делување и зајакнување на подготвеноста пред критичниот летен период, претставниците на Координативното тело се мобилизираа на терен и во Миравци, Давидово и Милетково.

За време на теренските патроли во сите овие населени места, членовите на тимот остварија непосреден контакт со локалното население, при што на граѓаните им беа поделени наменски информативни летоци со практични насоки за безбедно дејствување во текот на летната сезона. Овој едукативен материјал содржи детални упатства за одговорно однесување на отворен простор, насоки за навремена и смирена реакција при евентуална појава на пожар, како и информации за контакт-канали и брзи телефонски броеви за итно известување на надлежните служби.


Во директните разговори со жителите беше нагласена важноста од навремено препознавање на потенцијалните опасности и задолжителното уредување на приватните парцели, при што редовното косење и отстранување на сувата трева и ниската вегетација околу домовите и стопанските објекти беше посочено како основна мерка и клучна бариера за заштита од брзо ширење на пламенот. Посебен акцент за време на средбите со граѓаните беше ставен на зголемениот ризик во услови на силен ветер, кој деновиве е присутен во гевгелискиот регион. На населението му беше укажано дека воздушните струења се исклучително опасен фактор кој драстично ја менува состојбата на терен, бидејќи и најмалото невнимание или ситна искра можат за неколку секунди да излезат од контрола и да прераснат во незапирлива стихија со катастрофални последици.

Поради ваквите околности, Општина Гевгелија алармира до сите граѓани со апел за максимална претпазливост и итно запирање на сите активности кои вклучуваат оган на отворено во услови на силен ветер. Со оглед на фактот дека воздушните струења се најголемиот сојузник во брзото ширење на пожарите, секое палење отпад, стрништа или сува вегетација во моментов се смета за висок ризик и директна закана по имотите и безбедноста во заедницата. Со овие координирани активности продолжува континуираното теренско присуство на Координативното тело, со крајна цел унапредување на системот за превенција и долгорочна безбедност на локално ниво во сите населени места на подрачјето на општина Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK