Општина Дебрца денеска почна со реализација на зафатите предвидени со Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици за 2023 година.
Како што информираше градоначалникот Зоран Ногачески, предвидено е во рамке на програмата да бидат изградени или реконструирани/рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударни дупки на асфалтните коловози.
Во рамките на Програмата и проектот за поврзување на локални патишта, што се спроведува преку Министерството за транспорт и врски и со финансиска поддршка на Светска Банка, ќе се реконструира улица во селото Волино, на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино-Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад.
Во првата фаза ќе се работи на патишта во селата Требеништа, Ботун и Белчишта.
Според Ногачески, проектите се одбираат според потребите на граѓаните и согласно приоритетот.
„Дебрца е голема општина, со многу села и многу потреби, а финансиските можности на општината недоволни, но секогаш сум се трудел во секое село да се реши по некој проблем, вели Ногачески.