Општина Битола утврди стратегија за локален економски развој

bitola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Битола утврди стратегијата за локален економски развој на општината за периодот 2023 -2027 година. Станува збор за нацрт документ работен  со техничка поддршка од проектот на УСАИД „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“, а во кој беа вклучени претставници од бизнис секторот, регионалната стопанска комора, дел од советниците од општинскиот совет и невладиниот сектор, соопштија од тамошната локална самоуправа.

-Процесот на изработка, беше воден од градоначалникот заедно со Локалниот економско социјален совет и во соработка со Универзитетот, Агенцијата за вработување, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, невладиниот сектор, Регионалната стопанска комора и други институции. Фокусот на оваа стратегија е да овозможи поголема вклученост на бизнис секторот во создавањето на општинските стратегии, како и развојот на приватниот сектор, за да се зголеми растот, развојот и вработеноста, посочуваат од Општина Битола.


Стратегијата за локален економски развој за периодот 2023-2027 година, до 5 јуни може да се дополнува со стручни мислења и други предлози на граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK