Општина Битола на саемот за градежништво и инвестици „Реал-Експо“ во Сараево

konjanovski_32434223423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општина Битола на саемот за градежништво и инвестиции во Сараево, ги промовира локалните можности за привлекување нови инвестиции и можностите за економски развој на општината.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека на саемот „Реал Експо“, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, делегација предводена од градоначалникот Тони Коњановски, ги претставила уловите за инвестиции во општината.


На штандот на Општина Битола присуствуваа гости и посетители, меѓу кои и Шеикот од Обединетите арапски емирати Мохамед бин Сакр Ал Касими, како и премиерот на Кантонот Сараево Нихад Ук, кои се интересираа за Индустриската зона Жабени и други потенцијали на градот, информираа од локалната самоуправа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK