ОХРИД ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УСЛУЖНИОТ СЕКТОР

FTU270924011.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот, Кирил Пецаков се  обрати  на дводневната  Меѓународна  научна конференција  за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024) што претпладнево започна  на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Во поздравното обраќање, во улога на домаќин градоначалникот Пецаков  укажа на значењето на вакви научни собири за градот Охрид како главен туристички центар во државава и регионов.



– Бројката  од  60  научни и стручни работници  од 20 научни и професионални институции од 11 земји е повеќе од  импресивна  и само докажува колку е сериозен и значаен овој настан за сите нас. Научните заклучоци кои ќе се донесат по дводневната ваша  работна средба, размената на искуства и идеи  се од клучно значење ако се земе во предвид дека услужната дејност е една од основните во Охрид кој од секогаш бил топ туристичка дестинација на Балканот.  Осознавање на пропустите за досега сработеното, решавање на проблемите и внесување на иновации е она за кое сум повеќе од сигурен дека ќе расправате. А ние се што е добро ќе прифатиме и примениме со цел Охрид да биде попривлечна и поинтересна дестинација за  побројни гости од земјава и странство.

Ви посакувам успешна и плодна работа на оваа важна меѓународна конференција. Се надевам дека покрај напорната работа ќе најдете доволно време да зачекорите покрај древнините на овој град и да го почувствувате неговиот милениумски спокој. Во Охрид по разни поводи доаѓале светски познати личности, научници, уметници, великодостојници, трагачи по реткости и добронамерници. Сите биле добредојдени и го пронашле она што го бараат и заминувале со многу инспиративни спомени кои ги терале повторно да се вратат и да ги почувствуваат убавините, духот и спокојот на овој древен град, најпрепознатливиот бренд на Република Македонија во Светот. Се надевам дека сите тие убавини на нашиот Охрид ќе остават длабок печат во вас, за одново и одново да се враќате кај нас – подвлече Пецаков.

 Меѓународната  научна конференција за услужниот сектор се одржува по 17-ти пат, а организатор на годинашното издание е Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

 

[See image gallery at ohrid.gov.mk]

 

 

 

The post ОХРИД ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УСЛУЖНИОТ СЕКТОР first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK