Одржани 10. седница и 11. вонредна седница на Советот на Општина Гевгелија


c31b4551-f56f-46f2-baa7-8c47ed1e43bb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 10. седница на Советот на Општина Гевгелија беа донесени, усвоени и разгледани повеќе одлуки, решенија, заклучоци и информации од значење за локалната самоуправа, јавните установи и развојните политики во општината.

Усвоен беше Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2025 година, како и Одлука за обезбедување финансиски средства од општинскиот буџет за 2026 година за ученикот Стефан Младеновски и менторот м-р Стево Ѓоргиев за учество на IEO 2026.


Во делот на буџетското работење се усвоени измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година, како и измени на Програмите за уредување на градежното земјиште, изградба и одржување на општинските улици и патишта, финансирање на спортските активности и активностите од областа на социјалната заштита.

Советот даде согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.

Исто така, усвоени се измени и дополнувања на Финансиските планови на повеќе образовни и јавни установи, меѓу кои СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, ООУ „Климент Охридски“- Миравци, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.

Дадени се согласности на Годишните планови за вработување за 2027 година на повеќе основни училишта, како и на измени и дополнувања на постојните планови за вработување.

Во кадровскиот дел донесени се Решенија за разрешување и именување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, како и одлука за продолжување на работното време на угостителски објект.

Усвоен е Извештајот за реализираните проекти на ФЛОРИТ- Гевгелија, каде што Општина Гевгелија е партнер, како и Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01–31.03.2026 година.

Разгледани беа и информации за состојбата со кучињата скитници, водоснабдувањето во населените места, состојбата со водоснабдувањето и фекалната канализација во Негорци, како и одржувањето и користењето на јавните паркинг простори во Гевгелија.

Во продолжение, се одржа и 11. вонредна седница на Советот на Општина Гевгелија, на која како единствена точка на дневниот ред беше донесувањето на Општинскиот енергетски план за 2027 година.

Со донесените одлуки и заклучоци, Советот на Општина Гевгелија продолжува со активностите насочени кон унапредување на локалните услуги, инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK