Советот за развој на полошкиот плански регион денеска во општина Врапчиште се одржа седница на која градоначалниците и претставниците на општините од полошкиот регион разговараа актуелните и дадоа согласност за проекти кои би се реалзирале.
На седницата со која претсадаваше градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари беше одобрено формирање на Центарот за истржувања (innovative Center for Applied Research and Education – iCARE и се разговараше за проектите на Центарот за развој на полошки плански регион ЦРППР.
Покрај ова, Советот, разгледа и други прашања поврзани со развојот на полошкиот регион, како што се создавањето на регионалната платформа „Географски информациски систем“.
Меѓу поважните прашања било и изготвување на документација за пробивање и изградбата на алтернативниот пат од магистралата Гостивар-Кичево до депонијата Русино и носење на урбанистички планови за Русино.
На седницата како еден од поважните проекти кои влијаат врз развојот на полошкиот регион, била разгледана и изработката на идејниот план за раскрсницата од регионалниот пат од Вртуток до крстосницата Маврови Анови.