Од септември годинава нема да има упис во кумановската градинка „Ангел Шајче“

gradinka_3345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Од септември годинава нема да има уписи во кумановската градинка, бидејќи советниците не дадоа согласност за поголем број на деца во градинските групи, информираше на денешната прес-конференција, директорката на ЈОУДГ „Ангел Шајче“, Марина Алексовска. Таа додава дека ѝ покрај тоа што градинката има меѓу најмногу запишани деца, сепак, дневно во групите исполнетоста е од 40 до 70 проценти.

-Очигледно, се има намера сè што доаѓа од ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово да добие негативно мислење од Советот, од веќе познатите причини, директорот на оваа институција да се претстави како неуспешен менаџер. На овој прес ќе се задржам само на прашањето што најмногу ги засега граѓаните и е причина за ова мое обраќање, барање писмена согласност за да може да има поголем број на деца во воспитните групи од бројот на деца од проектираниот капацитет, за коешто добивме негативно мислење. Интересот и потребите на граѓаните за згрижување на нивните деца во градинката е огромен, а согласност за запишување на деца над проектираниот капацитет, дава Советот на Општина Куманово, изјави Алексовска.



Таа потсети дека со години наназад добивале согласност за запишување на поголем број деца над проектираниот капацитет.

– Речиси секогаш бројот на дневно присутни деца е помал од проектираниот капацитет, а уште помал од вкупниот број на запишани деца. И затоа нема никаков проблем ако бидат запишани деца над проектираниот капацитет на градинката, изјави Алексовска.

Таа вели дека на советниците им биле доставени податоци, за целата состојба и ги обвини за тенденциозно носење на одлуките што се однесуваат за градинката.

На прес – конференцијата, Алексовска потсети на ветувањата на градоначалникот за изградба на три градинки и укажа дека досега не е изградена ниту една. Инаку, во кумановските градинки на листа на чекање се околу 600 деца од кои 150 за дневен престој. Вкупно во објектите во „Ангел Шајче“ има запишано 1.676 деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK