Од донаторска акција обезбедена медицинска опрема за ЈЗУ Општа болница Струмица

opshta-bolnica-strumica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три ЕКГ апарати, пет мулти-параметарски ЕКГ монитори и соодветни додатоци, обезбедни од донаторска акција на иницијатива на семејството Костадинови, денеска беа донирани на Одделението за кардиологија при ЈЗУ Општа болница Струмица, кои веднаш ќе бидат ставени во употреба, известуваат од болницата.

– По претходна иницијатива на наши сограѓани и размена на информации, разговарано е за можноста за поддршка во доопремување на одделот за кардиологија со ангиографија во Општа болница во Струмица. Поконкретно, во насока на подобрување на капацитетите во Одделението за кардиологија, со што ќе се овозможи подобра здравствена заштита на пациентите со срцеви проблеми и полесно функционирање на единицата за ангиографија која започна со работа пред една година. Би сакала јавно да ја искажам благодарноста до семејството Костадинови кои ни ја дадоа поддршката и преку донаторска акција ја обезбедија потребната опрема се со цел за унапредување на јавното здравје и во интерес на нашите пациенти од Струмица и околината,  истакна д-р Катерина Кузмановска, директорка на ЈЗУ Општа болница Струмица.


Таа ги охрабрува сите останати хумани чинители кои имаат можност, во каква било форма, да го следат примерот на Костадинови и да дадат придонес и поддршка на активности и проекти од интерес на заедницата во различни сфери.

– Иницирани од увидната реална потреба за поддршка на капацитетите за опслужување на здравствените потреби во струмичката болница, како семејство организиравме донаторска акција во рамки на која успеавме да ја обезбедиме донираната опрема за Општата болница во Струмица. Искрено се надевам дека овој гест ќе биде показател и од вистински бенефит за Одделението за кардиологија и за сите кои имаат потреба. Ја користам оваа прилика јавно да заблагодарам на сите добри луѓе и пријатели кои се вклучија во донаторската акција и дадоа свој придонес кон поддршка на локалниот систем за здравствена заштита и превенција од кардиоваскуларни заболувања, изјави Тања Костадинова Милушева.

Од болницата информираат дека се работи за донација на три ЕКГ апарати (еден од модел Cardioline 200 S и два од модел Cardioline 100 S), пет мулти-параметарски ЕКГ монитори (модел Bistos BT-750) и соодветни додатоци – специјална хартија за обезбедените ЕКГ апарати, со која Одделението за Кардиологија ја доби дополнителна опрема за дејствување во насока на навремена дијагностика и превенирање на потенцијални коронарни, кардио-васкуларни и срцеви заболувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK