Најмладите кумановци претежно од предучилишна и училишна возраст, вечра присуствуваат на летната работилница за музика, цртање, сликање која ја организираше Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Актерите од кумановскиот театар, Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски читаа бајки и разговараа со најмладите кумановци.
– На овој начин преку работилници се обидуваме да ја засакаат културата, уметноста да се изразат, да цртаат и сликаат, да се интересираат за театарот. Работилницата на отворено предизвика интерес кај родителите кои во голем број ги доведоа децата да уживаат во активностите, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.
Надлежните од установата најавија повеќе работилници во текот на летото за промовирање на културата помеѓу најмладите.