ЈП „Комуналец“-Битола почна со ноќно машинско метење и миење на улиците, а со инсталираниот систем за наводнување врши и ноќно одржување на тревниците и цветните површини во градот.
Ноќното машинско метење и миење почна на Широк Сокак како и тротоарите во центарот на градот, но и улиците „Прилепска“, „Наум Наумовски Борче“, „Партизанска“, булеварот „1-ви Мај“…додека со системот за наводнување се одржуваат зелените површини на улицата „Васко Карангелески“ и на други локации во градот.
ЈП „Комуналец“ поради високите температури и препораките на Владата за заштита од високите температури, почна еден час порано да го подигнува сметот во градот, а секторот за „Комунална Хигиена“ почнува со работа во 06:00 часот наутро.