Нивото на Дојранското Езеро е за два сантиметра пониско од вчера, а на Преспанското за еден сантиметар, покажуваат денешните хидролошки мерења. Сепак, водостоите на двете езера се под просекот за јули.
Според УХМР, податоци за Охридското Езеро денеска не се достапни.
Нивоата на повеќето реки, пак, не покажуваат поголеми отстапувања во однос на вчерашниот ден.