Невработените кумановци заинтересирани да почнат свој бизнис преку програма за самовработување

kum
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невработените кумановци покажаа значителен интерес за поддршката за самовработување, дел од мерките и програмите од оперативниот план за 2023-та година, информираа денеска од Центарот за вработување Куманово.

Според податоците на Центарот досега за програмата аплицирале 110 невработени лица, самостојно да почнат бизнис и 86 кои сакаат да учествуваат на повикот со здружување.


– Има два огласи, оние кои самостојно учествуваат и вториот за оние кои се здружуваат и формираат друштво со ограничена одговорност. Рокот завршува на 19 мај, до крајот на работната недела. Електронската обработка трае од првиот момент, невработените доаѓаат директно аплицираат во системот, после се печатат пријави, изјави за согласност, прашалниците, автоматски се обработуваат. Ќе чекаме на селекција, сите чекори ќе бидат запазени со поддршка на вработените, изјави раководителката на Центарот, Марија Димитријевска.

Лицата добиваат советодавна поддршка за изработка на бизнис план, обука за претприемништво, грант до 307.500 денари (неповратни средства за основање на бизнис) ако двете лица имаат иста бизнис идеја и заеднички се одлучат да почнат бизнис тогаш добиваат грант од 615.000 денари.

Грантот е наменет за опрема, репроматеријали и готови производи за продажба. Оние кои ќе бидат избрани ќе добијат и поддршка при регистрација, надоместок од 3.000 денари за фирма, дел од категориите, пред сè ранливите кои аплицираат, добиваат и менторска поддршка во првите 12 месеци

Целна група се младите до 29 години, лицата со попреченост, мажи до 60 години, жени до 58, жени жртви на родово базирано насилство, жени жртви на семејно насилство, оние кои саката да го формализираат својот бизнис, невработени Роми. Проектот е финансиран од  буџетот од АВРСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK