– Рестрикции во водоснабдувањето се воведуваат во Росоман, поради недостаток на вода за пиење, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа.
– Веќе извесен период високите зони во село Росоман се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето, па заради тоа ЈПКД „РОСОМАН” – Росоман почнувајќи од денеска, ќе врши рестрикции во водоснабдувањето. Во деновите понеделник, среда, петок и недела во период од девет до 21 часот, без вода за пиење ќе бидат улиците „Гоце Делчев”, “Страшо Пинџур”, „11 Октомври”, „Цандо Кузманов” и делови од улиците „Партизанска” и „Душан Ќириќ”, соопштија од Општина Росоман.
Улицата „Пере Тошев” и дел од улицата „Маршал Тито” во понеделник, среда и петок, без вода за пиење ќе бидат во периодот од 15 до 21 часот, а во недела од девет до 21 часот.