Неколку пожари на подрачјето на кумановско, изминатово деноноќие

pozari kocani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шест хектари површина гореле во кумановското село Јачинце, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарот, како што наведуваат се случил во попладневните часови, зафатил, сува трева, стрниште и еден помошен објект. Во гасењето учествувале пожарникари од Куманово и од Старо Нагоричане.


Вчера, во Куманово горела и површина кај Спомен костурницата. Пожарникарите интервенирале во четири наврати во близина на Спомен костурницата. За пожарите кај оваа локација реагираа и кумановци. Пожарникарите гаселе пожар и во „Иго Тричковиќ“ каде гореле огревни дрва како и на ѓубриштето во населбата „Перо Чичо“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK