Настан “Руска музика” по Програма на културни манифестации на општина Куманово

462653944_1075499324318911_1214415445428242855_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Занаетчиски дом се одржа културниот настан “Руска музика”, во организација на Здружение за развиток на културата и уметноста “Култура 5” од Куманово, по Програма на културни манифестации на Општината за 2024 година. Настапија дуото на пијано Марко и Милена Митковски, оркестрот “Симфониум” при СОУ Гимназија “Гоце Делчев” под диригентската палка на професор Филип Петровски, Јован Станковиќ,  ученик во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”- Скопје, ученици од ООУ “Магдалена Антова” и Центар за странски јазици “Албион”, под менторство на професорите Цветан Арсовски и Билјана Коцевска. Репертоарот од познати руски музички и книжевни дела уште еднаш го потврди повеќевековниот процес на формирање и развој на традицијата на овој народ. На настанот присуствуваа амбасадорот на Руската федерација во РСМ, претседателката и членови на Совет на општина Куманово, како и претставници на општинска администрација.


The post Настан “Руска музика” по Програма на културни манифестации на општина Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK