Поголем род од насеаните и насадените земјоделски култури очекуваат надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Оттаму денеска информираа дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане насеани со житни култури се 2.406 хектари, со индустриски 850, фуражни се насеани на површина од 1.320 хектари и градинарски култури се насадени на површина од 700 хектари.
– Агроклиматските услови одат во прилог на земјоделските активности. Од податоците кои ги добивме од претпријатијата и земјоделците, сеидбата се одвиваше според планираната динамика со прекини поради временските услови, изјави раководителот на подрачната единица, Насер Даути.
Од подрачната единица очекуваат и добар род од градинарските култури кромид, лук, пипер, краставици, поради добрите услови.Претпријатијата во поширокиот кумановски регион обработуваат 445 хектари, земјоделска површина.