Алексеј Стојменов од ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Андреј Михајловски од ООУ „Круме Кепески“ и Нина Костов од ООУ „Рајко Жинзифов“, се имињата на наградените маски на денешната првоаприлска манифестација „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!“ организирана од Кисела Вода.
Специјална награда доби и најмладиот учесник на масекнбалот, Ника Костовска. На просторот пред салата Расадник каде е поставен забавен парк со најразлични реквизити беа собрани околу 1000 маскирани дечиња.
Просторот беше исполнет со ведрина, со игра и детска смеа. Кловнови и аниматори се грижеа за шеги и трикови, додека за музичкот дел беа задолжени омилените „Поточиња“. Жири комисијата имаше тешка задача да избере три најдобри маски и соодветно ги награди.
Првонаградениот доби таблет, додека за второто, третото место и за најмладиот учесник, општина Кисела Вода обезбеди слатки пакети.