На територија на СВР Битола санкционирани 42 лица за брзо возење и казнети 16 мотоциклисти

policija-stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР информира дека вчера на територијата на СВР Битола, во спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, биле санкционирани 42 возачи.

– Од нив, 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштуваат од полицијата.



Освен за брзо возење на возила, вчера во Битола, во периодот од 11.00 до 17.00 часот, била спроведена акциска контрола и за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 16 возачи.

– Осум возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл бил нерегистриран, еден мотоциклист управувал под дејство на алкохол, еден со измината важност на осигурителна полиса и друго. За време на контролата санкционирани се 26 други видови на сообраќајни прекршоци, известуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK