Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 61. седница на 11 април 2024 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија со почеток од 10:30 часот. За работа на седницата е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за разрешување членови во Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија;
2. Предлог-Решение за именување членови во Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија;
3. Предлог-Решение за именување член во УО на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија како претставник од Министерството за социјална политика, демографија и млади;
4. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за обезбедување еднократна финансиска помош за опожарена куќа;
5. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Гевгелија;
6. Предлог-Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња и контрола на кучиња скитници затекнати на јавна површина на подрачјето на општина Гевгелија за 2025 година;
7. Предлог-Извештај за работата на комуналниот инспектор во Општина Гевгелија за 2024 година;
8. Предлог-Извештај за работата на инспекторот за патишта и патен сообраќај во Општина Гевгелија за 2024 година;
9. Предлог-Извештај за работата на овластениот градежен инспектор во Општина Гевгелија за 2024 година;
10. Предлог-Извештај за работата на овластениот инспектор за животна средина во Општина Гевгелија за 2024 година;
11. Предлог-Извештај за реализираните проекти на ФЛОРИТ- Гевгелија, каде што како партнер се јавува Општина Гевгелија;
12. Предлог-Решение за усвојување на Кварталниот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01. – 31.12.2024 година, со посебен осврт на периодот 01.10. – 31.12.2024 година;
13. Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна семтка на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2024 година;
14. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работењето на ЈПДК „Комуналец“ за 2024 година;
15. Информација за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија;
16. Информација за состојбата со хоризонталната и вертикалната сигнализација во општина Гевгелија;
17. Информација за работењето на АД за водостопанство на РМ – Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија за 2024 година.