Модернизација на водоводната мрежа во општина Илинден

vodovodna-linija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Локалната самоуправа и ЈКП „Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците.

Со цел поквалитетни услуги побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните како и здолемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главната водоводна мрежа на ул. 9 во н. Илинден и улица 532 во Марино, односно на потегот од Халк Банка до Црна река Петрол во должина од 600 метри, извести општина Илинден.

Увид во градежните работи направија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод”-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски, поради честите дефеци и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.

Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем, се додава во соопштението на општина Илинден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK