Млади од неколку земји по повеќедневна младинска размена во одморалиштето Михајлово, Кавадаречко, денеска ја посетија кавадаречката локална самоуправа, информираа од Службата за односи со јавноста при Општината.
– Во рамки на тригодишниот проект ‘Youth sPEACEs, Urban spaces for active social participation and dialogue’ (Урбан простор за активно социјално учество и дијалог) од Еразмус+ Програмата, Совет за превентива против малолетничка деликвенција организираше младинска размена, учествуваат 25 млади од Португалија, Франција, Италија и Македонија, на возраст од 13 до 17 години. После работната посета на одмаралиштето Михајлово, групата продолжи со работа во Кавадарци, со различни активности и посети на битни знаменитости. Во текот на денешниот ден учесниците на настанот имаа средба со секретарот на Општината, Тодор Ефремов, соопштија од Службата за информирање на јавноста при Локална самоуправа Кавадарци.
Појаснија дека со Ефремов биле споделени мислења околу размената на ученици и честите посети на млади во општината преку Еразмус плус програмата, а тој им дал информации околу работата и функционирањето на Општината.