Во организација на Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД, денеска во Куманово се одржа конференција на тема: “Млади, мир и безбедност: поврзување на заедниците и зајакнување на стабилноста”. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, го отвори настанот и во своето обраќање пред присутните се осврна на младинските политики и активности, кои се спроведуваат на ниво во Општината, како и за нивен развој и имплементација во општествениот систем. На конференцијата учествуваа амбасадорката на Кралството Холандија во РС Македонија, Н.Е. Озлем Џанел, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, пратеници од Собранието на РСМ, младински активисти и претставници од граѓански организации.
The post “Млади, мир и безбедност: поврзување на заедниците и зајакнување на стабилноста” – конференција first appeared on Општина Куманово.