Меморијален стритбол турнир „Александар Наковски-Феликс” во Крива Паланка

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK
– На кошаркарскиот терен „Партизан” во Крива Паланка денеска ќе се одржи 14. стритбол турнир во организација на Локален клуб на млади на СДММ, деветти меморијален- посветен на Александар Наковски-Феликс.
Пријавувањето трае до пред почетокот на турнирот, на теренот кој доколку временските услови се неповолни,ќе се одржи во спортската сала „Бранители 2001″.
Организаторите потенцираат дека турнирот е традиција која ги собира на едно место љубителите на кошарката на теренот каде прерано згасна животот на Феликс.
-Во чест и во име на поранешниот претседател на ОО СДСМ Крива Паланка, кој прерано не напушти сите нас, ЛК СДММ Крива Паланка организира Традиционален стритбол турнир кој е гест на почит кон Александар, кој воедно и беше голем љубител на кошарката.Турнирот деветта година е во негова чест и го носи неговото име. Право на учество имаат сите заинтересирани, ќе има натпревари во машка и женска конкуренција, а предвидени се и други културно-забавни манифестации пред и за време на турнирот, како и богати награди за најуспешните, информира Алексеј Николовски, претседател на ЛК на млади на СДММ Крива Паланка.
Учеството на екипите е со симболична котизација од 600 денари.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK