Куманово ќе го подобри системот за греење во јавните установи, ќе го раззеленува просторот преку садење дрвја и ќе постави мобилни мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот, информираа денеска од Општина Куманово.
Активностите се предвидени во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“, кој денеска беше промовиран во Битола во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и советникот на УНОПС за Северна Македонија Џијани Волпин, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и градоначалниците на Куманово, Максим Димитриевски, на Битола, Тони Коњановски и на Тетово, Билал Касами.
Од Општината информираат дека проектот е дел од програмата на Европската Унија за претпристапна помош – ИПА 2021, а се однесува за проекти за подобрување на квалитетот на воздухот во Куманово, Битола Тетово и Скопје.