Куманово ќе го реконстуира малиот градски плоштад

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Куманово го распиша тендерот за реконструкција на малиот градски плоштад кај Центарот за култура. Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување на пешачка зона, соопштија денеска надлежните од општината.

Активностите се дел од проектот за реконструкција на т.н. мал градски плоштад.


Проектната документација за поврзување на двата плоштади со дел од улицата во строгиот центар на Куманово е подготвена, обезбедено е мислење од Националниот конзерваторски центар, Управата за заштита на културно наследство, бидејќи на малиот плоштад има неколку споменици на културата.

– Предвидено е на малиот плоштад да се смени подлогата, да се замени урбаната опрема канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, акцент ќе се стави на спомениците. Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да има целина со зоната на малиот плоштад. Во иднина возачите ќе ги оставаат возилата на катната гаража и кај „скопски дуќани, изјави раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.

Според анкетата 75 проценти од кумановци се изјаснија за пешачка зона во овој централен дел на Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK