Координирана акција на инспекторите и на „Гласен Текстилец“ во автобусите со кои се превезуваат текстилните работнички

avtobusi_345435435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Трудов инспектор, општински сообраќаен инспектор и сообраќајната полиција и Здружението „Гласен Текстилец“ денеска по 14 часот вршеа контрола на автобусите со кои се превезуваат работниците од фабриките до нивните населби. Инспекторите во координирана акција проверуваа дали автобусите се климатизирани, бидејќи изминатиот период текстилните работнички реагираа дека се возат во неклиматизирани автобуси на над 40 степени целсузеви. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека овие инспекциски контроли се резулатат на пријавите кои ги добиваат од текстилните работнички за време на топлотниот бран.

-Еве се направи една координација со општината, инспекторите, овде се трудова, сообраќјна и можам да кажам какошто видов јас досега има лица над 60 години, бремени не забележавме, меѓутоа како што можев да видам веќе се дадени забрани на некој од превозниците, поради тоа што нема клими во автобусите. Навистина работниците имаа право  што пријавувале, вели Ампева.


Додека Ампева и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов говореа пред медиумите, помина автобус на кој вратите му беа ширум отворени, а имаше и претовар на работници. Но, автобусот успеа да помине без контрола.

-Еве се гледа ситуацијата на терен каква, сите имаме некој вработен во конфекциите, ова треба да ги засега и сопствениците на конфекциите, бидејќи тие им плаќаат на превозниците за да нивните работници имаат услови за превод од фабриките до нивните домови, вели Ампева.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека акцијата се направи координрано меѓу сите институции и Здружението „Гласен Текстилец“ , а на работничките во знак на извинување додека чекаат во автобусите им поделија шишиња со вода.

-Целта на оваа акција е да почитуваат препораките и мерките на овие зголемени температури. Автобусите да бидат климатизирани, со кои што се превезуваат работниците од текстилната индустрија, којашто е најзастапена, вели Јорданов.

Инспекторите ја мереа температурата во автобусите, а додека медиумите беа на терен на еден превозник му се издаде и забрана, бидејќи не беше климатизиран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK