Вечерва во просториите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – Куманово се одржа традиционалниот настан „Карпошова вечер“. Настанот е во организација на ЗАПВАРС, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.
Со почит кон ликот и делото на народниот херој од НОБ, Христијан Тодоровски Карпош пред присутните гости се обрати претседателот на ЗАПВАРС, полковник во пензија Томислав Стојковски. Во рамките на кратката пригодна програма, настапија ученици од ООУ “Христијан Карпош”, со интерпретација на стихотворби за храбриот командант Карпош, кој достоинствено ја одбележа борбената традиција на револуционерно Куманово.
Во чест на одбележувањето на 81 година од загинувањето на македонскиот комунист и истакнат партизан Карпош, на настанот присуствуваа претседателката и членови на Советот на општина Куманово.
The post ,,Карпошова вечер“ во спомен на легендарниот козјачки борец first appeared on Општина Куманово.