Општина Карбинци распиша јавен оглас за субвенции за поставување на инвентар клими за жителите на оваа општина.
Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов вели дека огласот ќе трае во наредните два месеца. Изборот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен, а субвенциите ќе изнесуваат 30 процент од вредноста на клима уредот.
-Субвенциите ќе бидат не повеќе од 20.000 денари. Општина Карбинци има обезбедено средства, вели Паунов.
Посочува дека за првпат се распишува ваков оглас, а од буџетот за субвенции за инвентар клима уреди имаат издвоено околу 700.000 денари.