Како Здружение на воени ветерани “Бранител 2001” сакаме да изразиме огромна благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот значаен чекор.
Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме.
По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство.
Апелираме да не се застане тука и повикуваме останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека постоиме и сме дале значаен придонес во градењето на ова парче земја.
Секогаш за Македонија!
Со Почит,
Здружение на воени ветерани “Бранител 2001”.