Јавен повик за субвенционирање купување на велосипед во Берово

velosiped tochak
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Берово ќе субвенционира купување велосипед. За таа цел во тек е јавен повик за субвенции за купување велосипеди во износ од педесет проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од шест илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Според градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, со ова ќе се стимулира возењето велосипед.


– Повикот се однесува на субвенционирање на граѓаните што во наредниот период ќе купат нов велосипед, со тоа што општина Берово ќе рефундира педесет проценти од вредноста што нашите сограѓани ќе ја потрошат за купување. Изборот е нивен и нема повластени трговски оператори, но субвенционирањето е максимално до шест илјади денари, односно до исцрпување на средствата што се определени за таа намена, истакна Пекевски.

Право на учество на овој јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед се до 05.09.2023 година, до кoга е последниот рок за поднесување барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.

– Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.  Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Берово, на ул. Димитар Влахов бр. 10 Берово, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.  На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.  Архивата на Општина Берово примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата, додадоа од Општината.

За повеќе информации по однос на јавниот повик за субвенционирање на физички лица за купен велосипед од Општината ги упатија заинтересираните да ја посетат општинската веб-страница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK