Општина Штип, во партнерство со УНДП, објавува јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) која е финансирана од Европската Унија.
Се повикуваат сите граѓански организации да аплицираат со свои проектни идеи и да придонесат кон развојот на локалната заедница.
Приоритетни области за проекти се:
1. Заштита на животна средина
2. Здравство и социјална заштита
3. Локален економски развој
4. Родова еднаквост
Јавниот повик ќе трае од 06.02.2026 (од 9:00 часот) до 06.03.2026 (до 15:00 часот)
Инфо сесијата и првиот ден од дводневната обуката ќе се одржат на 10.02.2026 со почеток во 10:00 часот, во сала 2 во Општина Штип. Вториот ден од обуката ќе се одржи на 11.02.2026 година со почеток во 9:00 часот, во сала 2 во Општина Штип.
Првата менторска средба е закажана за 18 февруари 2026 година, а во текот на обуката ќе бидат договорени термините за преостанатите 3 менторски средби кои ќе бидат објавени на општинската веб страна.
Прашања во врска со јавниот повик може да се испратат електронски на следната е-мејл адреса: [email protected] со назнака за ReLOaD3 програмата најдоцна до 27 февруари 2026. Одговорите ќе бидат испратени електронски во рок од 3 дена од приемот на барањето.
⇓ Деталните информации и потребната документација ⇓
⇓ Annex 1 – Project Proposal_Stip
⇓ Annex 3 – Activity Plan_Stip
⇓ Annex 4 – Logical framework_Stip
⇓ Annex 5 -Partnership-statement