Јавен повик на општина Ѓорче Петров за три работни места во областа на социјалата

gorce-petrov-nova-zgrada-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Ѓорче Петров објавува јавен повик за вклучување во програмата општинско-корисна работа. Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско – корисна работа, проект „Обезбедување помош и поддршка при самостојно живеење на стари лица и лица со попречености“ за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци.


Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Станува збор за следните работни места: Фасилитатор-унапредувач на социјалниот дијалог – една позиција.

Потребни квалификации – завршено најмалку средно образование, активен барател на работа. Станува збор за теренска работа, директен контакт со лицата што се во социјален ризик и мапирање со проблемите со кои тие се соочуваат и нивна анализи, селектирање и формирање на база на податоци кои подоцна би се користеле за формирање на политики за нивно надминување.

Лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење-инструменталисти – три позиции.

Потребни квалификации – завршено најмалку основно образование, активен барател на работа. Услугата лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење, односно помош и поддршка при вршење инструментални активности во домот.

Неговател за стари и изнемоштени – Алцхајмер, палијативна нега или мултиплекс склероза – две позиции.

Потребни квалификации – поддршка во извршување на секојдневните активности, нега и помош во домашни услови

Општина Ѓорче Петров на овој начин им помага на невработените лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.

Заинтресираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 10.06.2024 година до 15.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK