Јакимовски: Партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ е најголемото бетонско чудовиште во Република Македонија

PIC_1800
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зборуваат за бетонски чудовишта, а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија, праша градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција што ја одржа зад партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на вчерашните најави од советниците во општина Карпош од оваа политичка партија дека ќе го блокираат носењето на Буџетот за 2024 година со 4.000 амандмани за да спречеле „носење на криминални дупови кои ќе се изродат во нови бетонски чудовишта во Карпош“.

Јакимовски покажувајќи и на јавноста на што личи локацијата во строгиот центар на Скопје на која е изградена зградата во која е сместен партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, јавно праша кој овде има налудничав проект?


Јас само сакам да прашам, кој овде има налудничав проект? Оној што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите со спорт и рекреација, со 50% од изградбата да е зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас, погледнете дали се ова премини или ова е обичен ходник?, праша Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош исто така истакна дека советниците од оваа партија и нивниот лидер поддржуваат само вакви урбанистички решенија, наместо современи проекти.

-Гледате ли сега во какво бетонско чудовиште ова се изроди, каде готово целата парцела е искористена да се изгради ова седмокатно чудовиште во кое што мало им беше чудовиштето што го направија па изградија и кула, рече Јакимовски.

Изјавата на градоначалникот Стевчо Јакимовски ви ја пренесуваме во целост:

Целта на овој прес е најавата на советничката група на ВМРО-ДМПНЕ за поднесување на 4.000 амандмани со цел да го блокираат Буџетот на Општина Карпош и како што велат, граѓаните може да бидат спокојни бидејќи советниците на ВМРО-ДМПНЕ ќе ги спречат сите обиди за носење на криминални дупови кои ќе се изродат во нови бетонски чудовишта во Општина Карпош.

Искрен да бидам, јас не сум ни очекувал дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласа деталните урбанистички планови затоа што тие се нови објекти современи како што има,  Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија во Белград, тие се за згради за барок,   со лажен барок, исто како што е лажна нивната политика, како што се лажни  нивните патриотизми како што се лажни и нивните заложби за зеленило во објект во кој што изградиле а нема ниту еден метар квадратен за зеленило, туку има пет-шест саксии напред од кои три им се веќе овенати. Зборуваат за бетонски чудовишта а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште и кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија. Сите ние овде се сеќаваме на едно мало зградиче на два ката, едно жолто зградиче со мало дворче, гледате ли сега во какво бетонско чудовиште ова се изроди, каде готово целата парцела е искористена да се изгради ова седмокатно чудовиште во кое што мало им беше чудовиштето што го направија па изградија и кула што би рекол великиот Кочо Рацин „За себе банки ѕидаат, банки палат и кули тенки високи“.

Очигледно несакаат да поддржуваат современи проекти, каде што во Карпош ќе се обезбеди паркинг простор за 2.500 граѓани каде што ќе има дополнителни 1.000 паркинг места за сите граѓани на Карпош. А тие овде во ова нивно бетонско здание имаат обезбедено паркинг простор само за нивното лидерче. Сите останати вработени во ВМРО-ДМПНЕ паркираат доле во подземните гаражи или го блокираат целиот влез или се најчесто со четири запалени трепкачи. Згора на тоа истата оваа бетонизација има диво градба тераса, малку им беше сето ова па уште имаат и диво градба тераса, и сега нас не обвинуваат за лудничави проекти.

Јас само сакам да прашам, кој овде има налудничав проект? Оној што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите со спорт и рекреација, со 50% од изградбата да е зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас , погледнете дали се ова премини или ова е обичен ходник? Јас сум сигурен дека во хотелов зад мене ходниците се пошироки од ова што тие го направија практично со ова здание, го обезвреднија и Терхнометал и Бест Вестер хотелот и им го уништија животот на граѓаните од Лу Пастер 137. Ова само покажува колку нивните проекти биле нормални и испланирани, а нашите биле налудничави. Ова овде е вистински пример за бетонизација, за урбана мафија, вистински пример за алчни луѓе кои што го загрозија живтот на сите оние околу нив што живеат и вакви чудовишта на територија на Општина Карпош, ниту имало ниту ќе има.

 

Прашање: Дали сметате дека се оправдани стравувањата на жителите на Прашка кои и сега со неколку згради е хаос?

-Покрај 2.500 паркинзи за резидентите од тој кварт, ќе има уште 1.000 паркинг места кои ќе се стават на располагање на граѓаните на Карпош. Тоа значи дека целото паркирање на таа терирорија ќе биде решена, а во моментов во зградата на Импексел има слободни 220 паркинг места. Слободните паркинг места ќе бидат во подземните гаражирани места на нивото минус два, каде што граѓаните ќе може слободно да се паркираат.

Прашање: Место за зеленило во Карпош?

-Во Општина Карпош има најмногу зеленило на територија на Град Скопје. Во Карпош, ако се сеќавате е делот од стариот градски парк, целиот нов градски парк, делот покрај кејот на реката Вардар, и имаме огромно количество на блоковско зеленило. Имаме преку 800.000 квадратни зеленило на целата територија и тоа зеленило и натаму го негуваме и прошируваме и негуваме и тоа паѓа се на терет на локалната самоуправа, иако е обврска на ЈП Паркови и зеленило. Ние во континуитет покажуваме грижа за зеленилото и токму овие проекти што сега ги предлагаме се со повеќе од 50% зеленило, со подземни сообраќајници.

Прашање: Колку ДУП-от на Алумина е предвидена е предвидена бруто развиена површина? Во симулацијата беа предвидени 120.000 метри но во ДУП-от се предвидени 300.000 метри квадратни.

-Тоа не е точно, некои се обидуваат максимално да ги излажат граѓаните, Тие лаги се дека ова не се вистинските проекти, на пример лага е дека нема да има две висококатници туку дека ќе има многу повеќе, односно дека ќе има 35 катници. Лага е дека ќе има сенка врз бараките, затоа што овие објекти од девет до 11 ката се повлечени 35 метра од улицата Прашка. Направени се симулации дека воопшто не ги загрозува ни кога е најниско сонцето. Понатаму, лага е дека се земени висини од другите бараки за  да се додаде овде висина, кога еве тоа е сосема посебен блок и воопѓшто не пречат во блокот каде што се бараките. Значи дека и со Генералниот урбанистички план е водено сметка и за инфраструктура и за водоснабдување и за канализацвии, за училишта и градинки. Еден проект кој е современ очигледно настојуваат да го искористат како еден маркетинг, неуспешен маркетинг. Зошто? Зошто тој исти проект два пати беше презентиран пред советниците и никој од нсоветничките групи не дадоа некаква сугестија иако беа прашани, туку напротив советничката Невена Георгиевска стана и кажа „Јас искрена да бидам, мене овој проект многу ми се допаѓа, ама нека се прави на некое друго место“. Е сега дали ви е јасно дека тие се целосно разрушени и буквално се запрепастени од квалитетот на проектот од онаа убавина која што многу граѓани ја поддржуваат да се изгради и практично Карпош повторно ќе биде водечка општина во државата каде што ќе има бизнис кули, каде луѓето ќе работат и ќе живеат, да има градинка која ќе биде подарена на Општината, да има пензионерски клуб, детски игралишта итн.

 

Прашање: Колку ќе биде бруто развиената површина, што вели ДУП-от?

-Бруто развиената површина е 20.000 метри во основа. Значи таму имаме преку 40.000 метри квадратни, значи 20.000 метри квадратни и интенцијата е на целиот ДУП да не се завземаат зелените површини туку напротив, да се оди во висина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK