Известување и препораки поради надминување на праг на информирање за квалитет на воздух

1200px-Flag_of_Kumanovo_Municipality_North_Macedonia.svg_.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (на 17.12. и 18.12.2024 година со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), согласно добиениот Акциски план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари 2024-2025година) од Министерство за животна средина и просторно планирање и Заклучокот на Владата на РСМ од триесет и третата седница, Општина Куманово им препорачува на граѓаните:

– Да се користи јавниот превоз


– Да не се користат возила без поголема потреба

– Да се возат повеќе лица со едно возило истовремено

– Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал

– Да се користат правилно печките за дрва и

– Строга забрана на горење на отворено.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ ги даваат следниве препораки поради надминување на праг на информирање за квалитет на воздух:

– Се потенцираат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма)

– Се потенцираат ограничени движења и активности на лицата, кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор.

Од страна на општина Куманово преку ЈП„Чистота и зеленило“, денеска во вечерните часови интензивно ќе се изврши аеросолизација на територијата на градот, како ефикасна мерка во справување со загадување на воздухот.

The post Известување и препораки поради надминување на праг на информирање за квалитет на воздух first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK