Денес во НУ Музеј Куманово се одржа изложба на дела од Ликовна колонија Куманово 2023. Станува збор за богата ликовна сесија одржана минатата година, во која учествуваа единаесет ликовни автори од нашата држава , како и од Србија, Романија, Босна и Херцеговина и Турција. Оваа јубилејна ликовната колонија е поддржана од Министерство за култура и туризам, Градоначалникот и советот на општина Куманово. На денешниот настан присуствуваше и пред присутните се обрати претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска.
The post Изложба на дела од Ликовна колонија Куманово 2023 first appeared on Општина Куманово.