Инвестиции од 10 милиони евра во битолските училишта


Ambientalna_ulica_Marsal_Tito-Bitola_10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 2022 година до денес во битослките основни и средни училишта во капитални инвестиции, опрема и одржување општината, Министерството за образование и од донации вложени се 607.278.334 денари.

За капитални инвестиции инвестирани се 413.138.833 денари во образовните институции. Од нив, дел се аплицирани преку повикот од Владата, за изградба на девет училишни спортски терени, четири спортски сали во училиштата и реконструкција на објект наменет за образование во населба Буковски ливади.


За опремувањето со мебелот, спортската опрема… издвоени се 21.915.730 денари. Во 10 објекти, односно во седум основни и три средни училишта, поставени се фотоволтаици во вредност од 11.223.771 денари. За тековните одржувања во училиштата издвоени се околу 161.000.000 денари, соопшти Општина Битола.

mkd.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK