Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари


taravari-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, ијави лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари откако вечерва во централното седиште во Тетово беше одржан состанок со највисоките раководни органи на партијата.


„Но промените што ги ветивме за жал не ги испорачавме. И за тоа секојдневно граѓаните не критикуваат. Затоа ние одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Со „Вреди“ се обидувавме околу шест недели да изнајдеме начин за меѓусебна поддршка за кандидатите за градоначалници. Но не успеавме во тоа и денеска констатираме дека доколку има недоверба во тие што се членови на Владата, доколку има конспирации и секакви сомнежи, немаме што да бараме таму. Едноставно подобро е да бидеме надвор и да се вратиме кај граѓанинот“.

Таравари потенцира дека има огромно незадоволство од Албанците за тоа каковладее Вреди во оваа Влада. Основните незадоволства како што посочи се околу Законот за правична застапеност.

Албанците се жалат, додаде Таравари дека третманот на тие што се вработени во администрацијата е полош од порано, што како што рече нив искрено ги загрижува.

Многу ни е битен и европскиот пат на Македонија. Мислам дека ова ќе биде тежок период за Македонија. Многу е битно да бидеме што поскоро дел од ЕУ. Така што не ни преостанува ништо друго освен да кажеме дека одиме во опозиција и во октомври се враќаме со мошне добри резултати на локалните избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK