Градоначалникот Костадинов на средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер


17d592b3-7169-4a5b-af9b-d7b0971a22cb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата држава, Н.Е Кристоф Ле Риголер.

На средбата разговараа на повеќе актуелни состојби во општината и државата, а акцентот беше ставен на функционирањето на општина Струмица, предизвиците со коишто таа се соочува и како ги надминува, нејзините препознатливи заложби и визионерски политики како што е јавниот електричен превоз и урбаната мобилност, игнорантскиот однос на централната власт кон Струмица и нејзините граѓаните кој се отсликува преку незавршени и неподдржани проекти без објаснување.


Градоначалникот Костадинов на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му ја потврди  европската визија и силната желба за интеграција во европското семејство, а двајцата ги поздравија пријателските односи и желбата за продлабочување на соработката.

The post Градоначалникот Костадинов на средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK