Гевгелија во знакот на младинскиот фудбал – успешно одржан „Masters Cup 2026“


706981951_1000386859020361_8850112149735295003_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изминатиов викенд, Гевгелија беше домаќин на Интернационалниот младински фудбалски турнир „Masters Cup 2026“, кој обедини млади фудбалски таленти, спортски клубови и гости од повеќе европски земји. Турнирот донесе вистинска спортска атмосфера, исполнета со натпреварувачки дух, фер-плеј, дружење и позитивна енергија, а уште еднаш ја потврди важноста на спортот како можност за поврзување на младите.

Учество земаа екипи и фудбалски школи од Македонија и странство, меѓу кои и реномирани европски клубови како: Fenerbahçe S.K., FK Crvena zvezda, KAA Gent, Panathinaikos F.C., PFC CSKA Sofia, Beşiktaş J.K. и FK Čukarički, како и повеќе домашни клубови и фудбалски академии. Присуството на вакви еминентни клубови претставуваше дополнителна мотивација и драгоцено искуство за младите спортисти од нашиот град и регионот.


Натпреварите што се одиграа на фудбалскиот стадион во Гевгелија поминаа во одлична организација и спортска атмосфера, a претставуваа одлична можност фудбалерите да ги покажат своите способности, да стекнат нови пријателства и да разменат искуства со свои врсници од различни земји.

Покрај Гевгелија, дел од натпреварите се одиграа и во Дојран и Валандово, со што целиот регион беше вклучен во организацијата на оваа голема спортска манифестација. Турнирот придонесе за дополнителна промоција на регионот, но и за развој на спортскиот туризам и меѓуопштинската соработка.

Со организацијата на вакви интернационални спортски настани, Гевгелија сè повеќе се афирмира како посакувана дестинација за спорт, младински активности и меѓународни случувања, препознатлива по добрата организација, спортската инфраструктура и гостопримството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK